2win800x200

НАМЕСТО ОДРЕКУВАЊЕ, МЕТОДИЈА КУНОВСКИ ПРОДОЛЖУВА ДА ИМ СЛУГУВА НА ТИЕ КОИ СЕ НЕДОСТАПНИ ЗА ПРАВДАТА- реагира ВМРО ДПМНЕ Битола

Декември 20, 2024
Интегрален текст од портпаролот Ангела Здравковска
 
Со кој кредибилитет новиот лидер на новинарскиот ДООЕЛ на СДС во Битола, Методија Куновски, држи прес конференции кога тој во ниту еден момент не се огради од криминалците, на кои цели седум години им слугуваше.
Ама, толку многу е тешка и безизлезна состојбата, па така тој список е долг: Заев, Димитар Ковачевски, Васко Ковачевски, Пеце Матевски и сите останати редум, така што и од тоа би немало никакво фајде, освен - напуштање на СДС или невлегување во фарсата - распадната партија, Методија Куновски да ја прави распадната новинарска секција.
Прес-конференцијата на претседателот Методија Куновски на новинарското ДООЕЛ на СДС во Битола, не е ништо друго туку памфлет од најдолен вид, со кој се обидуваат да дискредитираат и продолжуваат со празни зборови, ама неуспешно, да ги манипулираат граѓаните.
Чесно на градот и државата им се служи со искрени намери, можеби со доставување докази, до кои Методија Ковачевски, пардон, Куновски имаше пристап за криминалот во РЕК Битола, кој навистина досега е невиден и има епски размери.
Криминалот кој упропасти еден успешен рударско- енергетски комбинат, а Македонија ја направи енергетски зависна и ја клекна на колена.
Зборуваат за пратеникот Милевски и градоначалникот Коњановски, дрско се служат со конструкции и веројатно во дослух со ЈО во Битола.
Методија и СДС не излегуваат од нивната добро позната мантра, која и ги донесе таму каде што се: во распад и без никаква доверба од вас почитувани граѓани.
Почитувани, СДС и на власт и во опозиција се и суд и обвинителство, ама една работа забораваат: последната одлука ја носите вие - граѓаните.
Заедно влеговме во битка, дека право и правда мора да има!!
ВМРО ДПМНЕ и оваа Влада од тоа не отстапуваат!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани