Kако општествено одговорна организација, ЈКП "Водовод" - Битола и оваа година се вклучи во празничната магија, донирајќи новогодишни пакетчиња за децата од ранливите категории во општеството.
-Со овој мал, но значаен гест , се трудиме да внесеме радост во домот на секое дете и да им овозможиме да ја почувствуваат топлината на празниците.

Со заедничка солидарност и љубов, можеме да го направиме светот подобро место за нашите најмили.
Дневен центар за лица со интелектуална
и/или телесна попреченост – Битола
ЈЗУ центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација –Битола
Здружение на родители на деца заболени од церебрална парализа
Црвен крст, информираат од ЈКП Водовод Битола