СИНПЕКС доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот
На свечен настан кој се одржа во УТОПИЈА - приватен бизнис клуб, СИНПЕКС беше почестен со признание за својата поддршка и партнерство во последното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Признанието го врачи Симеон Мони Дамевски, директор на фестивалот, на нашата Христина Фуна.
Настанот, кој собра бројни партнери и поддржувачи, беше потсетник за
моќта на заедничката соработка меѓу приватниот сектор и културните настани. Поддршката од СИНПЕКС е доказ дека вистинските вредности – уметноста, визијата и посветеноста – можат да ја обликуваат иднината.
СИНПЕКС со гордост стои зад идејата дека уметноста не само што го слави животот, туку и инспирира нови генерации. Ова признание е само уште еден чекор во нашата заедничка мисија – да создаваме култура на успех, да ги славиме вредностите што не обединуваат и да ја градиме иднината што сите ја посакуваме.