
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изминатата недела, поточно од 3 – 9 февруари во Апатин – Србија се одигра Европско првенство во куглање за сениори и јуниори (до 23 години). Она што е вредно за истакнување е високото 9-то место на кугларката на женкиот кугларски клуб Пелистер Пин – Стефанија Алексовска како и победите во спринт на најмладите напреварувачи Емилија Илијевска (Пелистер Пин) и Владимир Талевски (Пелистер 1982).
На Европското првенство, Стефанија Алексовска имаше одличен прв настап и со срушени 571 дрво успеа да се квалификува во 1/8 финале како 5-то пласирана (од сите вкупно 31 натпреварувачки од 12 земји од Европа) добивајќи релативно полесен противник т.е. 12-то пласираната Aurora Pekosak од Словенија. Во директниот дуел помеѓу нив, во борбата за влез во ¼ финале, кој го играа во четвртокот, Aurora одигра одличен прв сет со што заводи со 1:0 (152:123), Стефанија го имаше вториот сет под контрола и водство, но поради неколкуте промашувања (4) кои ги направи на левата страна и даде шанса на Словенката да се приклучи во сетот, да играат кугла за кугла и во самата завршница на сетот т.е. 29 кугла Стефанија имаше десен поединец за влез во нова постава и изедначување, но за жал, деконцентрирана од неколкуте грешки во сетот, повтори уште една, 5-та грешка, што е некарактеристично за неа и прмашувајќи поединец го загуби и вториот сет (122:124). Наредните два сета Стефанија ги доби (149:140 и 137:126), но не успеа да ја стопи разликата од првиот сет и со 2:2 во сетови и -11 дрва го загуби дуелот што ќе ја носеше во ¼ финале.
Постигнатиот резултат на Стефанија, конечен пласман на 9-тото место во Комбинација на Европското првенство, за многумина одличен, е одраз на сите нејзини репрезентативни и клупски настапи, акомулираното искуство во изминатиот петгодишен период и секако нејзината воља и упорност да ги одработува напорните тренинзи правилно. Како нејзин тренер сум и помалку разочаран од овој нејзин успех, беше споремна за повисок дострел, но покрај тоа што спортската среќа не беше наш сојузник, се боревме и за нејзиното здравје пред и за време на првенството, бидејќи нејзиниот имунитет поради вирус беше опаднат што сериозно го дефокусираше нејзиното внимание и концентрација, а тоа секако и се одрази на нејзината игра. Но тоа е веќе зад нас, очекувам ова мое тврдење да го потврди Стефанија на наредно големо меѓународно натпреварување. Радува фактот што нова генерација на млади кугари како Емилија и Владимир се појавуваат, потребно е вложување енергија,време и ресурси како би можеле во иднина достоинствено своите квалитети да ги мерат на меѓународна сцена.
Игор Михајловски, тренер на женскиот клуб „Пелистер Пин“ од Битола и претседател на Македонаската кугларска федерација
Во дисциплината спринт, нашите млади македонски кугларски надежи кои за прв пат дебитираа на големите натпреварувања, иако и двајцата се по 16 години и се во U19 возрасната категорија а на ова првенство куглаа со нивните повозрасни колеги од Европа, по првиот настап и импресиите од атмосферата и националниот дрес, одиграа многу квалитетно во спринт и само потврдија дека имаат потенцијал за наредните големи првенства, но и дека треба уште многу работа. Владимир Талевски убедливо со 2:0 победи во дуелот со Zastavnik од Полска и Емилија Илијевска која водеше 1:0, па на пенали беше подобра од Poliakova од Словачка. Во втората фаза на спринтот, Емилија и Владимир загубија од своите противници со 2:0, но стекнаа драгоцено искуство кое ќе им биди неопходно во иднина.