Изборното редовно собрание на општинската организација на ПОДЕМ во Битола се одржа вчера во кино ,,Манаки" во Битола. Александар Цветановски и досега ја извршуваше оваа функција како в.д. претседател, а сега доби целосна поддршка за новиот мандат.
Цветановски за АПЛА изјави - Основите се поставени и сега единствениот можен правец е напред. Ова е чест но и обврска во наредните четири години да се води најголемата општинска организација на ПОДЕМ, а тоа е битолската. Но тука не застануваме, а веќе на првиот извршен одбор ќе избереме секретар на организацијата, како и избор на нови раковоства на месните организации, за да добијат надеж и сила од нашиот подмладок. На претседателот Јанкуловски му гарантирам во мое и во име на новоизбраниот Извршен и Надзорен одбор на ОО ПОДЕМ-Битола дека нашата организација ќе остане најсилната. Ќе земеме и учество на следните локални избори во Битола, а ова Собрание е почеток на активностите во таа насока.