
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Традиционална бесплатна пешачка тура низ центарот на Битола
Утре по повод светскиот ден на туристичките водичи, македонската асоцијација на туристички водичи и придружници (МАТВП) секоја година организира тура за граѓаните на Битола. Оваа година како и во последните четири, турите ќе започнат од две локации. Првата тура во 11:00ч пред Музејот на Битола, а втората од пред Саат Кулата во 12:00ч.
Ваши лиценцирани водичи ќе бидат нашите сограѓани со долгогодишно искуство во оваа дејност, Горан Пинза и Исидор Балојани. Дојдете да се дружиме, можеби ќе научите и нешто ново и интересно, но и да слушнете како тие го претставуваат градот пред многубројните гости.