
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес во ООУ „Елпида Караманди“ Битола се одржа трибина по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
-Мајчиниот јазик е нашиот идентитет. Тој е носител на вредностите, традициите и историските искуства. Мајчиниот јазик поврзува, обединува и помага да се пренесуваат традициите на идните генерации. Негувањето на мајчиниот јазик значи зачувување на културното наследство и продолжување на постоењето како нации.
Благодарност до наставниците од стручен актив на македонски јазик и учениците кои прекрасно ги пренесоа најважните елементи за зачувување и пренесување на мајчиниот јазик на идните генерации. Благодарност и до вработените кои присуствуваа на трибината, информира Емилија Николовска-Спировски, директор на ООУ „Елпида Караманди“ Битола.