
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Два нови договора за грант во рамките на GGP – Програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, во вредност од 114,970 евра, денеска беа потпишани од јапонската амбасадорка во земјава Сецуко Кавахара и претставниците на институциите приматели – ЈЗУ Здравствен Дом Вевчани и ОУ „Св. Климент Охридски“ од Битола.
Со овој грант во битолското ОУ „Св. Климент Охридски“ ќе биде реконструиран покривот.
Предраг Созовски директор на училиштето се заблагодари за помошта потенцирајќи дека ова е втор пат да се приматели на јапонска помош.
Според Созовски, со овој втор добиен грант и по висината на одобрените средства, покрај РСМ, Јапонија преставува најголемиот поддржувач и помагач во реализацијата на воспитно – образовниот процес во нивното училиште.
-Оваа донација ќе овозможи подобри услови за реализација на наставниот процес правејќи го нашето училиште по безгрижна и по безбедна училишна средина, рече Созовски.