Во посета на ООУ „Св.Климент Охридски“ Битола вчера беше јапонската амбасадорка, нејзината екселенција Сецуко Кавахара.
-Почитуваната амбасадорка ги разгледа условите за работа во нашето училиште, ги посети нашите ученици и со нив поразговара на различни теми. На средбата се разменува искуства и се разговараше за процесот на образование, екологија, култура, економија, теми кои ги поврзуваат двете држави, изјави директорот на училиштето Предраг Созовски и изрази благодарност за големата поддршка која училиштето го има од народот на Јапонија.
Јапонија во 2017 година на училиштето ООУ „Св.Климент Охридски“ Битола му додели гранд од 52.348 евра за замена на столаријата во сите училници, додека во јуни оваа година со поддршка од 80.314 евра ќе се направи замена на кровната конструкција на училиштето. Беше договорена соработка и во многу други области, нагласи Созовски.