2win800x200

„Трчај бе“ и Атлетската федерација на Македонија донираат спортски реквизити за училиштата во Битола

Мај 24, 2025
Втора година по ред, Здружението организатор на трката „Трчај бе“, заедно со Атлетската федерација на Македонија, во пресрет на трката „Мини трчај бе“ која ќе се одржи на 01 јуни, донираат спортски реквизити за основните училишта во Битола.
Донацијата е во вредност од 100.000 денари и се состои во пречки и конуси.
Организаторот на трката, Никола Димитровски, во име на здружението и атлетската федерација изрази благодарност до сите наставници по физичко образование, нагласувајќи дека нивната соработка е особено важна за организација на еден ваков настан и побара во иднина дополнително да бидат детектирани сите потреби на училиштата од реквизити поврзани со атлетиката, со цел истите да бидат обезбедени со следните донации.
Можно е да е слика од 12 луѓе и тркачка патека и терен
Можно е да е слика од 9 луѓе и текст
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани