2win800x200

Уапсен маж од Цапари - полицијата му најде пет пушки, четири пиштоли, како и 39 парчиња муниција

Мај 24, 2025

Претреси во битолско, прилепско, крушевско и во Македонски Брод, пронајдени оружје и муниција, лишени од слобода четири лица.

На 23.05.2025 во с.Цапари, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.Н.(44) од с.Цапари, затоа што при преглед во неговиот дом пронајдени се пет пушки, четири пиштоли, како и 39 парчиња муниција од различен калибар.

На 23.05.2025, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп во с.Обршани, прилепско, го лишија од слобода Д.М.(41) од с.Обршани. при претрс во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се ловечка пушка и патрони различен калибар.

На 23.05.2025 во с.Пресил, крушевско, полициски службеници од ОВР Прилеп и ОВР Крушево го лишија од слобода И.Р.. Врз основа на наредба од основен суд Прилеп извршен е претрес во неговиот дом и пронајдени се две рамки за пиштол и муниција различен калибар.

На 23.05.2025 во с.Горно Ботушје, општина Македонски Брод, полициските службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода З.М.(58) од Македонски Брод . При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се 15 патрони за ловечка пушка и делови за оружје. По документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани