
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СДСМ Битола со реакција за сечењето на дрвја во старата Касарна, откако Општина Битола информира дека се гради нова улица во старата касарна во Битола, а исечените дрвја ќе бидат заменети со нови во непосредна близина.
- Од сликите може да се уверите дека во време на зимска сезона кога воздухот е екстремно загаден, градоначалникот Коњановски ги досекува и тие неколку дрвја што останаа во атарот на старата Касарна, стои во реакцијата на СДСМ Битола.
Читатели на АПЛА.мк вчера се интересираа зошто се сечат дрвја во старата касарна во Битола, на позиции зад зградата Аурум. Од Општина Битола изјави дека се пробива нова улица согласно ДУП, а исечените дрвја ќе бидат заменети со нови во непосредна близина на улицата.
-Општина Битола е во фаза на изградба на комплетна инфраструктура на улицата „СРУ 5“, согласно деталниот урбанистички план изготвен во октомври 2010 година. За потребите на реализацијата на проектот, со кој ќе се овозможи поврзување на улиците „Крушевска република“ и „Партизанска“, потребно е да бидат отстранети дрвјата во должина на трасата. Согласно законската регулатива и зелениот катастар, изготвен од Општина Битола, за секое дрво кое ќе биде отстрането, предвидено е засадување на најмалку 3 нови, на соодветна локација во непосредна близина, соопштија од Општина Битола за АПЛА.мк.