2win800x200

Во 2024 година ЈП „Комуналец“ Битола засади 2.000 садници, возврати ОК на ВМРО ДПМНЕ на објавата на опозицијата

Февруари 28, 2025

СДСМ се кочничари на градот, денес за дрвјата се секираат, а на улицата кај Поштата направија буквално сеча, возврати ОК ВМРО ДПМНЕ Битола на објавата на СДСМ Битола.

 

 

Интегрален текст од ОК ВМРО ДПМНЕ Битола

Немаат ниту идеја, ниту еден единствен конструктивен предлог, ама треба да ги добијат сите честитки за вештината со која се вистински кочничари во градот, вештината и одлуката која како претставници во Советот ја манифестираат да бидат до крајот на четиригодишното нивно опозиционерски неснаоѓање - деструктивни, популисти и невешти политиканти.
Денес за дрвјата се секираат, а на улицата кај Поштата направија буквално сеча.
Во целото нивно владеење немаа ниту план, ниту стратегија, ниту еден чекор во однос на унапредувањето на условите за здрава животна средина и чист воздух. Речиси и да не посадија ниту едно дрво, ништо не презедоа, а едно од најголемите нивни ветувања беше дека веднаш ќе го исчистат воздухот.
Но, тие се такви какви што се, нивна работа, а оценката ја добиваат од граѓаните.
Почитувани битолчани, претходната 2024 година ЈП Комуналец засади околу 2000 парчиња садници, се справуваме со хигиената во градот според техничките можности и енергетските и економските кризи. Во текот на целата година се чистат дивите депонии.
Работиме редовно на одржување на постојните паркови и ги користиме сите можности да создаваме нови.
Не помалку значајно е тоа што во Битола од 16 училишта во градот дури 7 се целосно енергетски ефикасни, а во изминатата година со заложбите на општина Битола беа поставени сончеви колектори на 10 училишта.
Тоа не само што претставува сериозен чекор во заштитата на животната средина, туку во просек и намалување на трошоците за едно училиште, според направените пресметки од околу 50%.
За оваа година предвидено е засадување на околу 5000 садници.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани