2win800x200

Библиотекари од Битола на обука во Италија - „Библиотеката против булингот и сајбер булингот“

Март 04, 2025
Библиотекари од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола на обука во Италија! 
Во рамките на проектот „Библиотеката против булингот и сајбер булингот“, поддржан од програмата Еразмус+ (КА122 – ADU), библиотекари од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола учествуваа на меѓународна обука во Палермо, Италија.
481248686 1068969188605398 2061861077719173788 n
-Главната цел на обуката беше стекнување нови знаења и вештини за справување со булинг и сајбер булинг, како и примена на иновативни пристапи за негово спречување. Библиотеките се клучни места за едукација и поддршка на заедницата, а преку оваа обука нашите библиотекари се оспособија да препознаваат, превенираат и реагираат на вакви негативни појави во општеството, објави од Градската библиотека во Битола.
Со обуката се стекнуваат вештини и за - Разбирање на различните форми и динамика на булингот. 
 Стекнување вештини за идентификација на знаци и симптоми на булинг
 Развивање емпатија и поддршка за жртвите и сторителите
 Градење инклузивна и безбедна средина во библиотеките
 Размена на искуства со библиотекари и едукатори од различни земји
 
-Оваа обука им овозможи на нашите библиотекари да станат активни учесници во создавање на безбедни и пријателски средини за младите. Со новите знаења, тие ќе можат да организираат работилници, едукативни програми и кампањи за подигнување на свеста за булингот, како и да ги поддржат учениците, наставниците и родителите во борбата против насилството. Искрена благодарност до нашата директорка м-р Емилија Стефановска Давкова за нејзината посветеност и поддршка во унапредувањето на професионалниот развој на библиотекарите и градењето на библиотеката како безбедно и едукативно место за сите, велат учениците на обуката.. 
481677054 1068970721938578 7061772415676258752 n
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани