
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Демирхисарецот Сашо Дранго не е веќе заменик директор на „Македонијапат“ , од денеска на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен.
Дранго за „Независен“ на СМС порака дали е разрешен напиша дека само му завршил договорот во „Македонијапат“ .
„Не ме сменија, имав договор на шест месеци и ми заврши договорот“, изјави Драго за „nezavisen.mk“.
Сашо Дранго, на почетокот на јануари ја разбранува јавноста по објавувањето на фотографија од здружението „Анима Мунди“ на која тој позира со отепана мечка и оружје в рака. По ова во истиот ден ОЈО Битола отвори предистрагата, кој се уште трее.
Веста за смената на Дранго всушност ја објави Шуковски кој се порадува на ново работно место и за функцијата му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.