
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од денеска на Александар Шуковски, економист од Ресен е назначен за заменик директор на „Македонијапат“. Шуковски доаѓа на местото на Сашо Дранго.
Веста за смената на Дранго всушност ја објави Шуковски кој се порадува на ново работно место и за функцијата му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
„Денес е мојот прв работен ден на позицијата, ве-де заменик генерален директор на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонијапат).
Голема благодарност до Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, членовите на владата и членовите на управниот одбор на институцијата за дадената доверба.
Дадената доверба е голема обврска но и одговорност, затоа можам да ветам, дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата која ми е дадена, напиша доцна попладнево Шуковски на својот Фејсбук профил.