2win800x200

АД МЕПСО и АД ЕСМ: Заедно работиме на развојот на преносната мрежа и интеграцијата на обновливите извори на енергија

Март 05, 2025

На координативна средба, раководствата на АД МЕПСО и АД ЕСМ ги усогласуваа стратегиите за развој на електропреносна инфраструктура и можностите за интеграција на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Во насока на зајакнување на преносната мрежа и обезбедување поголема стабилност и доверливост, АД МЕПСО ги презентираше проектите со кои се става особен фокус на адаптација и проширување на капацитетот на преносната инфраструктура за нови производни извори на енергија и изградба на објекти за складирање на енергија, а АД ЕСМ ги презентираше плановите за проширување на производното портфолио.

На средбата беа разменети информации во однос на напорите кои се прават за изградба на нови преносни водови, нови трансформаторски станици и примена на напредни технологии со кои ќе се подобри ефикасноста и стабилноста на целокупниот електроенергетски систем.

Двете компании се договорија да ја продолжат соработката и да ги динамизираат активностите за реализација на планираните проекти со единствена цел, да се одговори на идните предизвици во енергетиката и да се обезбеди одржлив и сигурен развој на енергетскиот сектор во државата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани