2win800x200

Методија Илиевски со демант за наводно разногласие помеѓу него и колегата советник Петар Николовски

Март 05, 2025
Советникот Методија Илиевски и потпретседател на СДСМ со демант
 
Категорично ги демантирам пишувањата кои денес се појавија во дел од медиуми за наводно разногласие помеѓу мене и колегата советник Петар Николовски.
Во интервјуто кое дел од медиумите го споменуваат, јасно и недвосмислено кажав дека "во Битола, градоначалникот кој доаѓа од редовите на ВМРО ДПМНЕ, во период од четири години не започна ниту еден капитален објект, а општината е финансиски стабилна. А, на почетокот на неговиот мандат наследи полна каса. Јавните претпријатија полека но, сигурно влегуваат во долгови. Истите беа финансиски стабилни и независни до пред некоја година, а денес не можат плата да поделат на вработените доколу не добијат субвенции од Општината.
Во текот на овој мој советнички мандат сум имал безброј дискусии во Советот на Општина Битола и многу изјави за медиумите во кои ја критикувам работата на актуелниот градоначалник. Моите настапи секогаш биле во координација со партиското раководство и советничката група која гордо ја предводев до неодамна.
Ништо нема да ме поколеба со истиот политички жар да продолжам понатаму и да овозможам подобра иднина за граѓаните на Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани