
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Национален парк Пелистер и ПСК Пелистер в недела на 9 март организираат настан „100 жени на Пелистер“.
Собирање на групата во 9: 30 часот пред Шехерезада. Постои можност лицата кои живеат во горниот дел на градот да бидат земени попатно, но претходно да се најават.
Задолжително лицата кои сакаат да присуствуваат претходно да се најават на телефон за организација на превоз. Превозот ќе биде обезбеден од организаторите.
Поканата за прошетка до инфоцентар се однесува на сите заинтересирани. И на лица кои сакат да пешачат на предвидената патека но исто така и на лица кои само ќе присуствуваат на настанот во Инфоцентар.
Учесничките кои ќе пешачат со групата на предвидената патека задолжително да носат разгазени планинарски чевли, водонепропусливи, со ѓон кој не лизга.
Да носат резервна облека за пресоблекување.
Временската прогноза е поволна но за секој случај да носат со себе и кабаница.
Храна и пијалоци од ранец (учесниците да си понесат со себе).
Во 10:00 часот ќе се одржи планинарска акција предводена од Илинка Ристевска, прошетка од Инфо-центар на Пелистер по Историската патека.
Во 12:00 часот Горан Дамевски ќе презентира за неговите планинарски експедиции и искачувања на познати врвови.
Од страна на Н.П.Пелистер ќе бидат презентирани лековити растенија и шумски плодови кои ги има во паркот.
Ве очекува добра дружба, забава и изненадувања. За забавата ќе се погризат Златко и Санела N.A.L.A. бенд, велат од Националниот парк Пелистер.