2win800x200

Уапсено е 19 годишно момче, украло "форд транзит" од фирма во Битола

Март 17, 2025

Пронајдено украдено возило од Битола, лишено од слобода едно лице

На 16.03.2025 на патот Прилеп – Битола, кај бензинска станица во с.Беровци, полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола го лишиле од слобода С.Р.(19) од Битола. Тој се сомничи дека во периодот од 14.00 часот на 15.03. до 15.30 часот на 16.03.2025 одзел товарно возило „форд транзит“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Битола, а кое било паркирано пред седиштето на фирмата на ул.„Иљо Џаконовски” во Битола. Возилото било пронајдено и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.


СВР Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани