
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пиротехничките средства во ноќниот клуб во Кочани каде што вчера утрото се случи трагедија во која животите ги загубија 59 лица, а над сто се повредени ги донел бендот кој кобната ноќ настапувал во објектот со супстандардни услови за угостителски објект. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изнесувајќи, како што кажа, конкретни факти кои се утврдени во досегашната истрага.
„Од извршен разговор со член на групата ДНК утврдено е дека пиротехничките средства – прскалки во дискотеката ги донел бендот. За жал, лицето што било задолжено за нивна употреба е починато“,
изјави Тошковски.
Во врска со пиротехничките средства што се користеле во дискотеката по увидот и форензичката анализа, како што кажа министерот, ќе биде доставен извештај до Јавното обвинителство кое, пак, потоа ќе достави барање до МВР за да се утврди од која категорија била пиротехниката.
По ова дополнително ќе се утврди дали било потребно поседување соодветен сертификат за употребата на пиротехниката.
Инаку, за употреба на пиротехничките средства, како што кажа Тошковски, немало пријава во Министерството за внатрешни работи, односно надлежен Сектор за внатрешни работи, како што пропишува законот.
„Во однос на оние прашања коишто беа во делот на пиротехнички средства, дали Министерството требало да издаде одредени дозволи и какви, согласно законските прописи, бројот на пиротехничките средства, целта на палење ракети и приредување огномет, факелијада или слични приредби мора да се пријават во Сектор за внатрешни работи на чие подрачје ќе се одржат. Во пријавата се наведува место, време, број, количини итн. Пријава до Министерството немало“,
рече министерот за внатрешни работи, објави 360 степени