2win800x200

"Водовод" со зафати на "Пумпна станица Довлеџик", важна за водоснабдувањето на битолчани

Март 23, 2025

Денес, недела 23.03.2025 екипи на ЈКП Водовод имаа работни активности на објектот "Пумпна станица Довлеџик".

Беше извршена промена на крилест затворач Ф/500 mm. заедно со монтажно-демонтажно парче Ф/500 mm.
 
Монтирањето се врши на почеток на потисниот цевковод преку кој во летните месеци до "Филтер станица Дихово" се пумпа сирова вода од од П.С. Довлеџик во должина од скоро 2 km. и висинска разлика од 120 м.
 
Значењето на функционалноста на овој "Потисен цевковод" е премногу важна за редовно водоснабдување на нашите корисници.
 
ЈКП Водовод уште еднаш сака да им соопшти на граѓаните дека водоводниот систем овозможува питка вода во сите домови, затоа се потребни инвестиции и негова   обнова во континуитет и според добро подготвен стратешки план.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани