2win800x200

"Паркинзи"соопштува - од утре писмени опомени за возачите за сообраќаен прекршок во соработка со СВР Битола

Март 23, 2025

СООПШТЕНИЕ

Општина Битола во соработка со СВР Битола почнувајки од 24.03. (понеделник) организира еднонеделна кампања за превентива во сообраќајот.
На сите возила кои ќе бидат затекнати паркирани на пешачки, велосипедски површини но и пристапни рампи за лица со попреченост, ќе им се издаваат писмени предупредувања за сообраќајниот прекршок со кој насилно узурпираат површини кои не им се наменети.
Тротоарите се места на кои треба безбедно да се движат нашите најмлади, повозрасните, но и оние кои заради некаква телесна попреченост не можат да маневрираат на стеснетиот простор.
Впрочем и секој возач кој го паркирал возилото на тротоар во моментот кога го напуштил возилото и самиот е пешак.
Да ги почитуваме сообраќајните правила со тоа се почитуваме едни со други.
Со почит,
ЈППЈЛП Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани