2win800x200

Нови инвестиции во средното Медицинско училиште во Битола

Март 26, 2025

НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА

 
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети средното медицинско училиште, каде со директорот Горан Талевски, разговараа за инвестициите кои се реализираат во училиштето со цел подобрување на условите за учениците и вработените.
 
Согласно планираните активности, неодамна завршена е реконструкцијата на спортската сала во ОСМУ Д-р Јован Калаузи. Со инвестицијата во вредност од 6. 756 133 денари извршена е целосна замена на подот со професионален паркет, санирана е кровната конструкција, целосна е променета електричната инсталација и рефлекторите, направено е глетување и молерисување на трибините со фасадна боја, санација и бојадисување на внатрешната ограда од трибината, а монтирани се и дополнителни две влезни врати во салата.
 
Во училиштето реконструирана е и наставничката канцеларија, каде извршена е промена на целокупниот дотраен инвентар, во износ од 535 000 денари.
 
Покрај овие проекти, инвестирано е и во зголемувањето на енергетската ефикасност на објектот, со поставување на фотоволтаици за производство до 40 киловати електрична енергија, за што поставени се 72 модулни единици. Оваа инвестиција е во вредност од  1 416 000 денари.
 
Училиштето, во соработка со локалната самоуправа и Министерството за образование, продолжува со нови инвестиции со кои значително се подобруваат условите и се овозможува успешно одвивање на наставниот процес.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани