
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Меџити разговараше со првите луѓе на Шара и Пелистер за инвестиционите планови на министерството, како што е изградбата на нови објекти - инфо центри за потребите на јавните установи, национални паркови Шар Планина и Пелистер, кои ќе ги исполнуваат сите еколошки стандарди и ќе служат за промоција на овие национални паркови, како и за едукација на заинтересираните страни. Меџити на состанокот информира дека за да се реализира овој проект Шар Планина и Пелистер треба да предложат локации, потребните документи како и дозвола за градба како би можело да се опточне процедурата за тендерска набавка и надзор на градба. Согласно годишната програма за природа за 2025 година како и Планот за јавни набавки за 2025-та, набавката на инфо центрите - брвнарите во Шар Планина и Пелистер достигнуваат сума од 7.023.305,00 денари. За поддршка на националните паркови МЖСПП преку програмата за инвестиции ги поддржува активностите на сите четири национални паркови во висина од 20.000.000,00 денари, и тоа грант за Шар Палнина во висина од 6.000.000,00 денари, грант за ЈУ НП Маврово во висина од 6.000.000,00 денари, грант за ЈУ НП Галичица во висина од 4.000.000,00 денари, и грант за ЈУ НП Пелистер во висина од 4.000.000,00 денари. Сите грант проекти се во насока на подобрување на зелената инфрасутркурата во парковите во насока на генерирање на дополнителени финансиски средства за Националнитре паркови како и кампања и заштита на биодиверзитет.