
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Уште еден меѓународен успех на ученици и професори од битолската Гимназија "Јосип Броз Тито". Професорката Фанија Наумовска е ментор на тимот ученички - Ана Марија Вељковиќ, Ангела Талева и Матеја Ѓоргиевска кој ја создаде апликацијата ДЕМЕТРА ВИ и со неа се претстави на Форумот на жени и девојки што се одржа во Будимпешта. -Оваа апликација на нашиот тим беше прогласена за најдобра иновативна идеја од Македонија. Апликацијата е создадена за да им даде информации на жените – земјоделки како да формираат агробизнис и да станат дел од женското претприемништво, објавија од Гимназијата.