2win800x200

Ифтарска вечера во Битола, градоначалникот Коњановски го пречека муфтијата

Март 28, 2025

ИФТАРСКА ВЕЧЕРА ОРГАНИЗИРАНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

 
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во пресрет на големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам, организираше ифтарска вечера.
 
На вечерата, традиционално и оваа година присуствуваа, битолскиот муфтија Амит Расими, пратениците во Собранието на Република Македонија, Силвана Ангелевска, Олга Лозановска и Пеце Милевски, координаторите на советничките групи на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Советот на општина Битола, Бојан Бојкоски и Петар Николовски, директорите на јавните претпријатија, како и голем број граѓани, соработници на општина Битола, претставници на невладиниот и бизнис секторот.
 
Градоначалникот Коњановски, ги поздрави присутните, нагласувајќи дека ова се моменти кои ја изразуваат меѓусебната почит и соработка:
 
„Почитувани сограѓани, драги гости,
Чест и задоволство ми е што вечерва сме собрани заедно на овој свечен ифтар, кој нè потсетува на вредностите на заедништвото, солидарноста и меѓусебната почит.
Месецот Рамазан е време на духовно прочистување, добрина и човечност. Тој нè учи на трпение, благодарност и грижа за оние кои имаат потреба од нашата поддршка. Вечерва сме тука, не само да ја споделиме трпезата, туку и да ја зајакнеме врската меѓу нас, без разлика на нашите разлики, затоа што токму единството ја гради силната заедница.
Како градоначалник, останувам посветен на тоа да создадеме општество во кое секој граѓанин се чувствува почитуван, поддржан и вреднуван. Вечери како оваа се потсетник дека преку заеднички напори можеме да изградиме подобро општество за сите нас.
Ви посакувам пријатен ифтар, благословен Рамазан и многу здравје, среќа и благодет во вашите домови“, им посака градоначалникот Коњановски на присутните гости.
 
Оваа година, Рамазанскиот пост започна на 1 ви март и завршува утре. Првиот ден на Рамазан Бајрам се одбележува во недела на 30 март.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани