2win800x200

Нови инвестиции и проекти во Техничкото училиште во Битола

Март 29, 2025

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски денес, го посети средното техничко училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола, каде заедно со директорката Жанета Сервини и вработените професори во училиштето разговараа околу инвестициите реализирани во училиштето во последниот период, со цел подобрување на условите за работа и подобрување на опременоста на училиштето. 

 
Главна инвестиција во училиштето во последниот период е проектирањето и изведбата на фотонапонска централа.
Поконкретно, поставени се фотонапонски панели за производство на електрична енергија со инсталиран капацитет од 40kW на кровната површина од постоечкиот објект на училиштето, како и метео станица. Со оваа инвестиција ќе се намалат трошоците и ќе се придонесе за зголемување на енергетската ефикасност и за заштита на животната средина. Покрај централата, обезбеден е и едукативен фотонапонски панел за реализација на наставата по стручни предмети, како и ардуина комплети (Solar tracking learning kits) за спроведување на практични вежби од областа на енергетиката.
 
Дополнително, во соработка со локалната самоуправа и Министерството за образование во последните неколку месеци значително е подобрена опременоста на училиштето со информатичка и видео опрема (компјутери, графички картички, камери, 3D принтер и сл.), како и со набавка на друга стручна опрема (фреквентен регулатор, термовизиска камера, тестер на соларни системи, повеќенаменски тестер на електрични инсталации, принтери). Поставен е и ламинат во наставничката канцеларија. 
 
Во разговорот директорката и наставниците изразија голема благодарност до Општина Битола и до МОН за обезбедените средства за СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, со кои ќе се даде значаен придонес  во образовниот процес, и ќе им се овозможи на учениците пристап до квалитетна практична настава. 
„Обезбедената стручна опрема опфаќа и сензори, микроконтролери, шилдови и други електронски компоненти како што се RFID модули, ултразвучни сензори, релејни модули и многу други елементи кои ќе им овозможат на учениците да работат на современи проекти. Преку оваа поддршка, младите техничари ќе можат да стекнат драгоцено знаење и практични вештини, што ќе им помогне во нивниот понатамошен професионален развој. Како резултат на овие инвестиции во образованието на младите се и освоените први места на повеќе национални натпревари. Ваквата инвестиција е од непроценливо значење за иднината на стручното образование, за што сме длабоко благодарни“, истакна директорката на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола, Жанета Сервини.
 
Градоначалникот Коњановски, нагласи дека општината и во следниот период ќе овозможи поддршка на идните планови и активности, насочени кон создавање подобри можности за училиштето.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани