ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ПОДДРШКА НА ПРОЕКТИ ЗА МЛАДИ ЗА 2025 ГОДИНА
Предмет на јавниот повик е доделување на финансиски средства на младински организации и организации за млади за спроведување на проекти и активности за младите од Општина Битола за 2025 година.
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Битола согласно Програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општина Битола за 2025 година во висина од 550.000,00 денари (петстотини и педесет илјади) се врши преку грантови за проекти за млади.
Јавниот повик ќе трае 10 (десет) работни дена, сметано од денот на објавувањето заклучно со 14 април 2025.