
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Почина Александар К., управителот на т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, каде што на 16 март 2025 година изби пожар и животот го загубија 59 лица. Тој е 60. жртва од трагедијата во Кочани.
Управителот на „Пулс“ почина додека беше на лекување во Литванија. Тој беше еден од осомничените во истрагата.
Официјална потврда во јавноста се очекува да биде објавена на прес-конференција на Министерството за здравство закажана за денеска во 13:30 часот.
Во врска со трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, осомничени се 27 физички, три правни лица и седум полициски службеници од Штип и Кочани.
На сите осомничени им е одредена мерка 30-дневен притвор, освен на хоспитализираните.