2win800x200

Соопштение од Пелистерка АД Скопје и Тимох Доо Скопје -"НЕ ПОСТОИ ОДЛУКА НА АКЦИОНЕРСКО СОБРАНИЕ ЗА ПРОДАЖБА НА БАНКАТА“

Април 04, 2025

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Од: Пелистерка АД Скопје, заедно со поврзано правно лице ТИМОХ ДОО Скопје, во својство на квалификувани акционери во Стопанска банка АД Битола со 21.85% од акциите.
 
„НЕ ПОСТОИ ОДЛУКА НА АКЦИОНЕРСКО СОБРАНИЕ ЗА ПРОДАЖБА НА БАНКАТА“
 
Почитувани,
 
Како носители на 21.85% од акциите на Стопанска банка АД Битола и во својство на квалификувани акционери сакаме да им укажеме на сите други помали акционери, севкупната македонска јавност како и на одредени засегнати страни дека банкарскиот пазар во Македонија е целосно регулиран преку Народна банка на Република Северна Македонија.
Сакаме да потенцираме дека секоја информација во однос на било каква трговија со акциите на Стопанска банка АД Битола, а поголема од 5% мора да биде одобрена од Народна банка на Република Северна Македонија. Исто така секој потенцијален инвеститор кој има намера да се стекне со поголем дел од акциите, најпрво мора да добие одобрување од НРБ, па дури потоа да достави соодветна понуда до акционерите.
Секоја постапка како и евентуални преговори без следење на оваа законска регулатива и без вклученост на НРБ се во сферата на шпекулативни информации и дополнително укажуваме на постоење на основани сомневања за кривична одговорност.
Како квалификувани акционери сакаме јавно да информираме дека до овој момент не постои одлука на Акционерско собрание за продажба на Стопанска банка АД Битола и никој не може да ја донесе истата без согласност на мнозинството акционери.
Апелираме до медиумите и засегнатите страни да се воздржат од пласирање на шпекулативни информации до оддржување на Акционерското собрание бидејќи истите може да предизвикаат штета на тековното работење на Стопанска банка АД Битола. 
Го охрабруваме Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола да свика Акционерско собрание со цел да ја усвоиме завршната сметка која укажува на одлични резултати на банката.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани