Долна гимназија во Битола соопшти дека На 04.04.2025, беше предадена вредна донација на графичката струка, од страна на Ротари клубот Битола Широк Сокак и Младинскиот културен центар Битола. Станува збор за современ принтер со скенер, како и потребни материјали за работа на учениците од графичката струка.
Донацијата од Ротари клубот Битола Широк Сокак ја предаде претседателот Димитар Велковски, кој, меѓу другото, го истакна следното:
-Оваа донација за графичката струка е во духот на нашата долгогодишна соработка меѓу Ротари клубот Битола Широк Сокак и СОУ "Таки Даскало", во духот на ротаријанците и ротаријанството кои редовно донираме на различни организации и институции и кои остануваме посветени и понатаму на нашата мисија како ротаријанци да и служиме на заедницата, и се надеваме дека ќе придонесе за подобрување на практичната настава во графичката струка, истакна претседателот на Ротари клубот Битола Широк Сокак, Димитар Велковски.
Златко Талевски, извршен директор на МКЦ, истакна дека оваа донација за графичката струка е по повод "Неделата на добри дела" и дека со СОУ "Таки Даскало", МКЦ Битола има реализирано во изминатиот период бројни донации, проекти и волонтерски акции во духот на волонтеризмот и младинскиот активизам.
Во името на училиштето се заблагодари помошник-директорот Марија Младеновска-Димитровска, која истакна дека оваа донација ќе биде од полза за учениците од графичката струка при изведување на практичната настава и дека е резултат на долгогодишната соработка со Ротари Клубот Битола Широк Сокак и со Младинскиот културен центар и во делот на реализација на заеднички проекти и волонтерски акции.
-Велат дека си богат не толку колку што имаш, туку толку колку што умееш да дадеш. А токму тоа го споделуваме со нашите долгогодишни партнери и соработници кои од срце донираат сите овие години, истакна Младеновска-Димитровска.