2win800x200

Левица се предомисли за изгласаната одлука за центарот за управување со отпад, ВМРО-ДПМНЕ вели дека се лицемери

Април 08, 2025

Битолчани дел од иницијативата „Против депонија во Пелагонија“ најавија протест за денес додека трае седницата на Советот на Општина Битола. Протестот е најавен за во 15 часот.  Во меѓувреме на расправата во Советот на Општина Битола, од Левица побараа повторно гласање за точките кои советниците едногласно ги донесоа на 50 седница, околу проектот за системот за управување со регионален отпад. Левица иако гласаше заедно со сите советници сега вели дека точката на дневен ред била „малку манипулативна“. Советот по гласањето не го усвои предлогот на Левица да се поништи одлуката за меѓуопштинска соработка за регионална депонија во Пелагонија со вкупно 18 општини.

„Барам одлуката која ја изгласавме за утврдување на предлогот за меѓуопштинска соработка за формирање на јавното претпријатие со отпад помеѓу 18 општини во проектот... барам да се донесе одлука од Советот за враќање и повторно гласање, односно поништување на оваа точка која била на дневен ред на 50-та седница. Одлука за поништување за меѓуопштинска соработка, додека граѓаните не го добијат  во целост проектот за системот за управување со регионален отпад каде што е приоритет за битолчани за трасата за движење за камионите или наводно новиот сообраќаен круг кој дели некоја делница околу Битола, рече Горан Велевски советник од Левица во Советот на Битола.   

Велевски вели дека по ригорозните коментари на битолчани и скепсата за регионалната депонија треба да има можност за натпартиска ситуација за градот која треба да се надмине. Велевски смета дека референдум е сложена постапка и треба да се спроведе во Новаци каде ќе се гради проектот за управување со регионален отпад.

Бојан Бојкоски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ по ваквото ретерирање на Левица, го запраша советникот Велевски, дали во изборната кампања за локалните избори во 2021 година имале ветување за регионална депонија.  

Лев

Велевски од Левица рече дека немале програма за  регионална депонија. 

Тогаш Бојкоски од телефон,  ја пушти на говорница Јована Мојсоска, пратеничката од Левица, која беше носител на ИЗ 5. На снимката таа вели – „Изградба на државни и регионални депонии по највисоки еколошки стандарди“. Бојковски  рече дека ќе го презентира на дело лицемерието на Левица, што ветуваа за време на изборите, што побаруваат сега.

„Вака велат од Левица: Изградба и опремување на петте модерни државни депонии, центри за селекција, преработка, рециклирање, депонирање на селектираниот отпад по највисоки еколошки стандарди. Колегата ги манипулира и граѓаните и советниците тука“, рече Бојкоски.

Во Битола веќе се одржаа неколку протести против изградба на депонија со третирање на сметот од 18 општини. Протестантите се организираа во координативно тело со цел организиран настап пред институциите. (А.Б) 

 

      

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани