2win800x200

За храна за бездомните животни во прифатилиштето досега се потрошени само 1.600 евра, а не 60 000 евра

Април 11, 2025

Комуналец Битола ги демантираше сите информации дека во ЈП Комуналец во Општина Битола се потрошени над 50.000 евра за храна за кучиња. Демантот ви го пренесуваме во целост:

 

 

Почитувани,
Ги демантираме сите информации дека во ЈП Комуналец во Општина Битола се потрошени над 50.000 евра за храна за кучиња. До 31.12.2024 година, предметниот период на завршната сметка, потрошени се помалку од 100.000 денари.

Тие информации претставуваат груба манипулација и свесна лага од неколку локали политичари. Заради транспарентноста и одговорноста кон јавноста дозволете да ви пренесеме точни информации кои би ги добиле и граѓаните. Во согласност добиената дозвола за работа на прифатилиштето за бездомни животни во мај 2024 година , ЈП Комуналец имаше обврска да распише рамковни јавни набавки за храна за бездомните животни и за надворешни услуги од ветеринарни клиники. Такви постапки се спроведуваат и во Скопје и во Струмица.

Согласно добиените напатствија од Агенција за храна и ветеринарство и отпочнување на новата дејност со работа за Прифатилиштето ЈП ги распиша двете РАМКОВНИ набавки на кое се избраа повеке економски оператори. Сакаме да ги демантираме невистините кои излегоа во медиумите по излагање на советник во советот на Општина Битола дека се потрошени 60.000 евра за храна за кучиња. Во врска со рамковната спогодба за храна есклучена на ден 04.09.2024 година на сума од 3.000.000 плус ДДВ согласност нарачките кои се направени заклучно со 31.12.2024 се потрошени помала сума од 100.000 денари и со оваа динамика до крај на јавната набавка сумата што ќе се искористи ќе е околу 360.000 денари.

Со оглед на тоа што оваа јавна набавка беше распишана за прв пат по добивањето на дозвола за работа во изминатата година, наредната година ќе се димензионира согласност потрошените суми и плановите и програмите според кои работи ЈП. Сакаме да се демантираат овие невистини кои се изнесени и нанесуваат штета на прифатилиштето кое работи согласно сите стандарди , а исто така и на целото јавно претпријатие.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани