Согласно добиеното известување од изведувачот на градежните работи за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта, Општина Битола, ја известува јавноста дека, поради реализација на активности во рамки на проектот „Реконструкција на коловоз на дел од улица „Бурса“ во Битола (од спој со улица „Македонска фаланга“ до спој со новопроектираната улица „Индустриски пат“, ќе биде применет времен режим на сообраќај:
Заради непречена реализација на активностите, во понеделник и вторник, 14.04.2025 и 15.04.2025 на горенаведениот објект, односно делот помеѓу новопроектираната улица „Индустриски пат“ до „Пивара“, односно делот кон А.Д Фабрика за квасец и алкохол и Фабрика за шеќер, ќе биде целосно затворен за сообраќај 24 часа поради асфалтирање кое ќе се изведува во текот на целиот ден, како и пристапот од село Поешево и улица „Прогрес“ кон улица „Бурса“.