
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, познатата битолска писателка Гордана Такец, го одбележа своето скоро шест децениско творење. Пред присутните гости се обрати и директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Емилија Стефановска - Давкова, која воедно беше и промотор на книгите започнувајќи го својот говор со зборовите: „Навистина сум почестена од госпоѓата Гордана Такец што ме избра мене за промотор на нејзините дела чиешто творештво оваа година полни 55 години. Нејзините писателски творби успешно ја продолжиле мисијата на татко ѝ и го оствариле неговиот аманет да создава за себе и за него на полето на пишаниот збор, сликарството и креативноста, воопшто! Јас и посакувам уште многу нови прозни дела и стихови , а со тоа и нови големи признанија и награди, да биде инспирација за нас и за целиот свет околу нас!“. На настанот, промоторот Стефановска Давкова зборуваше за делата „Балканот е валкан“ ,„Како го преживеав Виетнам“, „Јасмин“, „Руски Рулет“, „Нашите испуштени нешта“ и „Јас сум Такец“ како и за значењето на пишаниот збор за библиотеката.