Реконструкција на водоводната мрежа
Во тек е реализација на проектот реконструкција на водоводната мрежа Логоварди - Поешево, во должина од 6км, информираат од Водовод Битола.
За таа цел, Ве известуваме дека во наредните денови започнувајќи од 15.04.2025 ( вторник), корисниците од овие села ќе имаат прекинато водоснабдување (од 8.30ч. до завршување со активностите околу реконструкцијата).
Овој зафат ќе придонесе до подобрување на квалитетот на водоснабдувањето за нашите корисници на вода од овој реон.
Продолжуваме со посветена работа на подобрување на водоводната инфраструктура за сите жители.