2win800x200

Асфалтирањето на "Бурса" ќе биде во среда и четврток

Април 14, 2025

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ПРОМЕНА НА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ НА УЛИЦА „БУРСА“ ПОРАДИ АСФАЛТИРАЊЕ

 
Поради лошите временски услови, асфалтирањето на улицата „Бурса“, наместо денес и утре, ќе се реализира во среда и четврток, односно на 16 и 17.04.2025. 
 
Заради непречена реализација на активности во рамки на проектот „Реконструкција на коловоз на дел од улица „Бурса“ во Битола (од спој со улица „Македонска фаланга“ до спој со новопроектираната улица „Индустриски пат“), на 16.04.2025 и 17.04.2025 на горенаведениот објект, односно делот помеѓу новопроектираната улица „Индустриски пат“ до „Пивара“, односно до пристапниот пат кон А.Д Фабрика за квасец и алкохол и Фабрика за шеќер, ќе биде целосно затворен за сообраќај 24 часа поради асфалтирање кое ќе се изведува во текот на целиот ден, како и пристапот од село Поешево и улица „Прогрес“ кон улица „Бурса“.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани