2win800x200

"Сфера" Битола ги демантира Европјаните од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Април 16, 2025

ДЕМАНТ НА ИЗНЕСЕНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СФЕРА ИНТЕРНЕШНАЛ

Во однос на објавеното соопштение на веб-страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на 14.04.2025 година, организацијата СФЕРА Интернешнал – Битола ги демантира наодите околу злоупотреба на европски фондови.
СФЕРА Интернешнал е реномирана граѓанска организација со повеќе од 16 години активно искуство во спроведување на младински, еколошки и образовни проекти на локално, национално и европско ниво. Во своето досегашно работење, СФЕРА има реализирано над 100 интернационални проекти без никакви прекршувања на процедурите, со финансиска и програмска отчетност. Организацијата има соработувано со голем број донатори, вклучувајќи ги Европската Унија, странски амбасади, локални самоуправи, фондации и интернационални мрежи.
Преку нејзините активности, СФЕРА има опслужено над 5.000 млади од Македонија, поддржано преку 300 странски волонтери и обезбедила можности за развој, мобилност и активизам кај младите од сите заедници. Целата своја работа ја извршува транспарентно, отчетно и во согласност со највисоките етички и професионални стандарди.
Во духот на почитување на правната држава и процесот на проверка, СФЕРА Интернешнал нема да изнесува дополнителни информации во јавноста сѐ додека не се расчисти случајот и не се добијат официјални заклучоци од надлежните институции. Очекуваме транспарентна и правично спроведена постапка и сме целосно отворени за соработка со сите релевантни органи.
Ги повикуваме медиумите и јавноста да се воздржат од ширење на непотврдени информации кои можат да нанесат штета на угледот на една сериозна организација која долги години работи исклучиво во интерес на младите и општествениот развој.
Со почит,
СФЕРА Интернешнал – Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани