2win800x200

Нов асфалт на ул. „Бурса“ - потегот помеѓу новопроектираната улица „Индустриски пат“ до „Пивара“ во Битола

Април 16, 2025
Реализацијата на Проектот „Реконструкција на коловоз на улица „Бурса“ во Битола, влегува во финална фаза.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и советникот Бојан Бојкоски, извршија увид на денешните активности за асфалтирање на улицата, кои согласно динамиката на изведувачот ќе се изведуваат денес и утре, на потегот помеѓу новопроектираната улица „Индустриски пат“ до „Пивара“, односно делот кон А.Д Фабрика за квасец и алкохол и Фабриката за шеќер.
Реконструкцијата на коловозот на оваа важна сообраќајница, значително ќе го олесни функционирањето и ќе придонесе за растоварување на сообраќајот од тешки товарни возила на улица “Македонски гемиџии“.
Овој проект, претставува реализација на уште едно долгогодишно барање на стопанствениците од овој дел на Битола, со што значително се подобруваат условите за нивна непречена работа.
Реконструкцијата на улицата се врши во должина од 2418 метри, во вкупна вредност од 37.600.000 денари, а средствата се обезбедени од Светска банка во рамките на проектот за поврзување на локални патишта.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани