На 28 април 2025 година, во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа предавањето:
„Библиотеката против булингот и сајбер булингот“
Препознавање и реакција: Како библиотекарите можат да помогнат?
Предавањето беше дел од проектот поддржан од програмата Еразмус+ (КА122 – ADU) и собра библиотекари, едукатори и професионалци од областа на образованието и менталното здравје, обединети околу заедничката цел: создавање безбедна, инклузивна и поддржувачка библиотечна средина.
Наши еминентни предавачи беа:
Наташа Беќирова, психолог
Д-р Марина Кузмановска, психотерапевт
Учесниците имаа можност да стекнат знаења и практични алатки за:
Препознавање на различни форми на булинг
Идентификација на знаци кај жртви и сторители
Развивање на емпатија и активна поддршка
Градење библиотека како безбедно прибежиште
Со настанот се обрати и директорката на библиотеката, м-р Емилија Стефановска Давкова, истакнувајќи ја важноста на улогата што библиотекарите ја играат во современото општество – не само како чувари на знаење, туку и како активни чинители во грижата за менталната и социјалната добросостојба на корисниците.
Ви благодариме на сите учесници за интересот, активното учество и споделените искуства:
- Маја Марковски, ООУ „Гоце Делчев“ - Битола
- Јасемин Алиевска, ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Кишава
- Роза Јовановска, ООУ „Даме Груев“ - Битола
- Лили Бошевска, ООУ „Кирил и Методиј“ - Битола
- Ивана Дамчевска и Ивона Гроздановска, ООУ „Елпида Караманди“ - Битола
- Викторија Јовановска и Ирена Настевска, ООУ „Тодор Ангелевски“ - Битола
- Даниела Манчевска, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ - Битола
- Дијана Монтеро, Розета Стоун,
- Сара Груеска, СОУ „Јосип Броз Тито“ - Битола
- Милена Трајчевска, Јулијана Христовска Кулевска, Јелена Петровска, Милка Котевска, Јасминка Кочовска, Ирена Колевска, Слободан Пачовски, Смиља Најденова, Фатма Бајрам Аземовска и Гордана Ѓорѓиевска Неделковски од НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.
Продолжуваме со иницијативи кои ја зајакнуваат нашата библиотечна заедница!