
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Она што дури и лаиците можат да го забележат на Македонската берза, тоа е дека во последниов период дефинитивно има раздвижување со акциите на Стопанска банка Битола. Се случија неколку блок трансакци преку кои беа купени сериозни акционерски пакети, а беа платени и добри пари за акциите на оваа банка.
Сепак, сите тие сопственички прегрупирања засега остануваат далеку од очите на пошироката бизнис јавност, бидејќи на Централниот депозитар за хартии од вредност можат да се забележат само акционерите кои поседуваат над пет проценти од капиталот. А, и вчера, кога се ревидира состојбата на сопственичките структури во ЦДХВ, во Стопанска банка Битола единствен акционер со над 5 проценти беше „Пелистерка“, која поседува 16,99 отсто, и која, пак, заедно со неа блиската фирма „Тимох“, непосредно контролира 21,85 отсто од акционерскиот капитал.
Во отсуство на официјални информации, сознанијата на faktor.mk/ говорат дека во последниов период акции на Берзата купува извесен српски инвеститор. Нашите информации, исто така, се на линија дека ова е само почеток на можно преземање на Стопанска банка Битола од една српска банка, чии идентитет засега не го објавуваме.
Овде само би навеле дека таа банка, во 2023 година имаше трикратен раст на приходите и на нето добивката во однос на 2022 година, односно финансиските податоци за српската банка покажуваат значителен раст во последните три години за кои можат да се најдат податоци на интернет.
Што се случува со Стопанска банка Битола, односно кој ги купува акциите, а зошто и толку порасна цената на акциите на оваа банка.
На редовниот пазар на последното тргување цената изнесувала 3.565 денари за акција, што е исто така раст во последниов период.