Во духот на солидарноста и општествената одговорност, ЈКП "Водовод" – Битола спроведе крводарителска акција во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина.
Благодарност до вработените од трите јавно - комунални претпријатија : Водовод, Комуналец и Нискоградба, кои несебично даруваа крв и дадоа свој придонес кон здравјето и благосостојбата на заедницата.