2win800x200

Приведен возач му биле измерени 2,82 промили алкохол во крвта

Април 29, 2025

Приведен возач од Македонски Брод затоа што управувал возило под дејство на алкохол

На 28.04.2025 во 20.03 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод  го лишиле од слобода С.В.(56) од Македонски Брод.  При сообраќајна контрола на патот за  с.Манастирец, Македонски Брод, било сопрено патничко моторно возило „опел”со регистарски ознаки од Македонски Брод,  кое го управувал С.В.,  и по преземени мерки било констатирано дека  С.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,82 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани