
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Српската Алта банка, некогашната ЈУБМЕС банка, е заинтересираниот и можен купувач на Стопанска банка Битола, дознава Фактор од извори во банкарскиот сектор.
Нашите истражувања за тоа кој е заинтересиран за Стопанска банка Битола почнаа кога се стартуваше со позначајни блок трансакции со купување на акционерски пакети на Стопанска банка Битола во претходните неколку недели, за кои беше несомнено дека ги продаваат некои од помалите акционери на банката кои располагаа токму со тие пакети, иако не може јасно да се видат бидејќи Централниот депозитар за хартии од бвредност не ги дава акционерските имиња со пакети од под 5 проценти.
Која е Алта банката. Според пребарувањата на интернет, може да се види дека станува збор за српска комерцијална и инвестициска банка со седиште во Нови Београд во главниот град на Србија. Основана е во 1979 година како ЈУБМЕС банка, а во 2020 година го смени името во Алта банка по промената на сопственичката структура. Како што сега стои на веб страницата на Банката, вкупниот акционерски капитал на АЛТА банка а.д. Белград се состои од 417.042 обични акции, а сите акции се во сопственост на правното лице, акционер ALTA PAY GROUP doo.
Сопственик на Alta Pay Group е српскиот бизнисмен Давор Мацура. Тој е и претседател на Управниот одбор на Алта банка, а покрај тоа е и активен во финансискиот сектор во регионот. Под негово раководство, Alta Pay Group стана 100 отсто сопственик на Алта банка.