2win800x200

Роко Водопија на 16 мај доаѓа во Битола во „Академија Утопија“

Мај 09, 2025

Роко Водопија, познат менаџер и консултант,  активен предавач и едукатор,  на 16 мај доаѓа во Битола во „Академија Утопија“. Настанот ќе се одржи во клубот „Утопија “ во Битола на улица „Индустриска“ бб, со почеток од 9 часот. Предавањето е со работен наслов - „Научи како да водиш тим до врвни резултати“. 

 

Од „Академија Утопија“ информираат дека - Роко Водопија е искусен менаџер и консултант со повеќе од 25 години професионално искуство во управување и советување на водечки регионални компании во стабилни и динамични пазарни услови. Во текот на својата кариера, работел на водечки раководни позиции и советувал голем број компании со работење во Централна и Југоисточна Европа. Неговата специјалност се трансформација и оперативно унапредување на работењето на друштва во малопродажба и индустрија на широка потрошувачка, а неговиот прагматичен и проверен пристап на работа произлегува од комбинацијата на консултантско и менаџерско искуство.

Управувал со водечката македонска млечна индустрија во сопственост на фонд на ризичен капитал и како претседател на управата спровел оперативно реструктурирање на национален малопродажен ланец. Освен тоа, управувал со маркетинг и продажна функција во TDR, Dukat и Pliva. Како консултант, работел во Kearney на проекти на раст и унапредување на ефикасноста, додека во BDO водел проекти на развој на стратегии и унапредување на работењето на јавни претпријатија. Во EУ пружал поддршка во аквизиции и водел проекти на развој на стратегии и трансформации на друштва во регионот на Централна и Источна Европа.

Освен консултантската работа, Роко Водопија е активен предавач и едукатор. Неговиот пристап се темели на реални искуства и практични решенија, а се фокусира на оснажување на менаџерските тимови за да го постигнат својот полн потенцијал и да ги остварат планираните резултати. Комбинирајќи богато искуство во менаџментот и консултантски вештини, помага на организациите во управување со комплексни промени.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани