2win800x200

Концерт на дуото пијано Татјана Божиновска – Билјана Димовска во Македонската филхармонија

Мај 10, 2025

Во понеделник, на 12 мај, со почеток во 20 часот, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во концертот на пијано дуото Татјана Божиновска и Билјана Димовска, кој ќе се одржи во камерната сала на Македонската филхармонија. Двете пијанистки, познати по својата усогласеност, музикалност и исклучителна интерпретација, ќе донесат внимателно одбран репертоар за дуо пијано, ветувајќи вечер исполнета со виртуозност и емоција. Овој концерт следува по нивниот неодамнешен настап во Ликовниот салон во Велес на почетокот од месецот, а крајот на мај ќе го заокружат со уште еден настап – овојпат пред публиката во Неготино. Концертот е отворен за јавноста, а билетите се достапни на билетарницата на Македонската филхармонија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани