2win800x200

Општина Битола - ИЗВЕДУВАЧОТ ЌЕ ГИ САНИРА ПОЈАВЕНИТЕ ДЕВИЈАЦИИ НА КОЛОВОЗОТ НА УЛ. „БУРСА“

Мај 13, 2025
По девијацијата на горниот слој на коловозот кој што се појави на неодамна асфалтираната ул. „Бурса“ во непосредна близина на Битолската пиварница, согласно договорот за изведување, настанатото оштетување ќе биде санирано од страна на изведувачот.
Наведениот објект, односно ул. „Бурса“ е во гарантен период и сите аномалии кои што се појавиле или ќе се појавуваат, обврска е на изведувачот да ги санира, со цел улицата да има нормален тек и изглед.
Проектот се реализира преку Договор за имплементација за под проект: Реконструкција на ул. „Бурса“, од спој со ул. „Македонска фаланга“ до спој со новопроектирана ул. „Индустриски пат“, во согласност со Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу Република Македонија и Светска банка.
Градоначалникот на општина Битола, во повеќе наврати побара професионалност и одговорност во изведбата на инфраструктурните проекти, нагласувајќи дека, улиците на кои во изминатиот период се појавиле недостатоци по реконструкцијата, ќе бидат корегирани на трошок на изведувачите.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани