
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На свечена средба, вчера во Битола се потпиша Меморандум за соработка помеѓу НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Здружението на писатели „ВЕРБУМЛАНДИАРТ“ од Галатоне, Италија. Меморандумот го потпишаа м-р Емилија Стефановска - Давкова – директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола и Реџина Реста – претседател на „ВЕРБУМЛАНДИАРТ“, којашто исто така ѝ врачи благодарница на директорката за голем придонес во културата и пријателството помеѓу Италија и Македонија.