2win800x200

ДАЛИ ГО ПОДГОТВУВАМЕ НАШЕТО ДЕТЕ ДА БИДЕ СИЛЕН ЛИЧЕН БРЕНД ИЛИ...(пишува Ана Салтирова)

Мај 13, 2025
пишува Ана Салтирова) пишува Ана Салтирова)

Имав чест да бидам панелист на дискусијата „Брендирање на Работодавачот во дигиталната ера: Улогата на социјалните мрежи и вработените“, во организација на Кариера Days vol.2, каде заедно со одлични професионалци разговаравме за тоа што значи еден бренд на работодавачот денес – надвор од логото, маркетингот и хаштаговите.

И додека зборувавме за културата, искуствата, вредностите и човечката страна на брендот — во мене се отвори едно многу лично прашање:

 Како го подготвуваме нашето дете за работното место каде што ќе го понесе и ќе го гради својот личен бренд?

Зашто, факт е — секој од нас уште од мали нозе е свој личен бренд во најава. Секој збор што ќе го кажеме, секоја вредност на која ќе го научиме, секој однос што го негуваме — сè тоа го обликува начинот на кој нашето дете еден ден ќе се однесува во компанија: дали ќе биде одговорно, дали ќе знае да комуницира, дали ќе знае да постави граници, да соработува, да го искаже својот став.

Како HR професионалец, често си поставувам едно прашање: Дали би сакала моето дете да работи во оваа компанија?

А како родител — си поставувам и друго: Како го подготвувам моето дете да биде личност што ќе може да влезе во било која компанија и таму не само да се вклопи — туку и да придонесе за нејзиниот бренд, продолжувајќи да го гради својот?

Тоа не се учи на училиште. Се учи од дома.
Се учи преку разговори, преку пример, преку доверба и граници, преку тоа да го слушнеме гласот на детето — и да го охрабриме да зборува.

Тоа беше и една од главните мисли за основање на #КЛУБзаРодители— поддршка за сите нас што не сакаме да ги пуштиме децата во „светот на големите“ без вештини што таму навистина се бараат:

  • комуникација
  • самодоверба
  • решавање конфликти
  • соработка
  • преземање иницијатива
  • и една силна, стабилна внатрешна вредносна основа

Ако ова ти звучи интересно, приклучи се во #КЛУБзаРОДИТЕЛИ ова е она што те чека внатре:

  • 15+ предавања, снимени и достапни веднаш
  • Месечни теми со насоки и идеи за личен и родителски раст
  • Работни листови, игри, карти, детски медитации, е-книги, постојано растечка библиотека
  • Тимски коучинг сесии и вибер заедница
  • Бонус: учество на партнерот, попусти, вклучување во иницијативата #родителиЗАродители.

Месец мај е роденднески месец, Клубот го слави својот прв роденден побрзај ќе има и подароци.

Се гледаме од другата страна?

Ана Салтирова Давидовски е автор, NLP тренер и coach, тренер за личен развој, искусен HR професионалец кој од 2005 година расте и твори во HR светот и активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Исто така, ја покрена и Kампањата #ЛиченИЗБОР која има за цел свесна промена на фокусот на мислата за враќање на доброто расположение повторно во мода, во која креира материјали за личен развој, како и материјали за родители/деца (за поддршка на родителите во подготовка на децата за светот на големите, погледни го #КЛУБзаРОДИТЕЛИ и #NLPзаДЕЦА). Во склоп на оваа кампања е и интерактивната книга #Благодарам која во првата година се најде на листата на 20 најпродавани книги преку КупиКнига.мк, а третото издание е со фонтот на дислексија под мотото Секој може!, книгата „50+ идеи за #Благодарам“, исто така, свое место заземаат и: игрите и картите #Благодарам, играта и картите #КакоМОЖЕ, недатумираните планери, односно „Годишен планер ЗА…“ и „Годишен планер за Среќни родители“, кои се поддршка во развојот на посакуваните навики/вештини, како и други материјали (повеќе на www.AnaSaltirova.mk).

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани